5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДостапна е верзијата iOS 7.1.1

Достапна е верзијата iOS 7.1.1

ios 7 nov

„Apple“ ги корегираше проблемите поврзани со виртуелната тастатура, а поради кои тастатурата имаше лош временски одговор. Исто така подобрени се и проблемите со „Bluetooth“ тастатурата кои до израз доаѓаа кога беше вклучена опцијата „Voice Over“.

Од овие надградби ќе имаат корист и сопствениците на „iPhone 5S“, затоа што „Apple“ го подобри делот поврзан со „Touch ID“ кој сега подобро ги препознава отпечатоците на прстите. Надградбата влијаеше и на пребарувачот „Safari“ кој сега ги поддржува и домените како „.photo“ и „.camera“.

Подобрувањето на оперативниот систем може да го превземат сите корисници кои имаат минимално „iPhone 4“, „iPad 2“, „iPod Touch“ од петтата генерација или новите уреди, и тоа по пат на „iTunes“ апликацијата или директно преку уредот со помош на „OTA“ функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП