„McDonald’s“ оствари нето профит во првиот квартал од оваа година од 1,20 милијарди долари, што е полошо отколку што се очекуваше, соопштија од оваа компанија.
Нето профитот на познатиот американски ланец ресторани за брза храна во првите три месеци од оваа година е намален за три проценти во однос на истиот период пред една година, и тоа поради падот на продажбата, пренесува агенцијата АФП.
Продажбата во извештајниот период е намалена за три проценти на 6,70 милијарди евра.