29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроменливото време влијае на циркулацијата

Променливото време влијае на циркулацијата

vreme

Нестабилните временски прилики кај повеќето луѓе, дури и кај оние што се здрави, доведува до проблеми со циркулацијата.

Виенскиот професор Хадемар Банкхофер, меѓутоа, има решение за тоа, под услов да се промени начинот на исхрана.

Тој советува да се јаде лесна храна и во помали количини. На менито би требало да се најде свежо овошје, а зеленчукот да биде динстан.

Со оглед дека на пролет, поради нестабилните временски прилики, многумина чувствуваат замор и малаксаност, Банхофер препорачува чинија супа од зеленчук или месо, „бидејќи дава повеќе сила отколку шолја кафе“.

За циркулација е важен микроелементот хром, што се наоѓа во печурките, јагодичесто овошје, сувото грозје и јаткасти плодови.

На жените особено им е потребно железо, па би требало да јадат каша од јаболки, магдонос, динстан грашок и семки од тиква. Како главно јадење се препорачува компир сварен со нане.

На њујоршкиот Институт за нутриционизам утврдено е дека циркулацијата може да се регулира ако секој ден се изеде една кисела краставичка или парче интегрален леб намачкан со сенф, бидејќи ја крева енергијата.

Исто делуваат и горките состојки од руколата, артичоката и брокулите. Сепак, најважно е да внесува доволно вода, особено ако се додадат неколку капки сок од свеж лимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП