8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасен хотел во Кападокија (фото)

Прекрасен хотел во Кападокија (фото)

kapa1

Кападокија е едно од оние места кои морате да ги видите со свои очи за да поверувате дека постои…

Убавината на ова место која како да не е од овој свет, потекнува од таинствениот и уникатен пејсаж, како и од магичните оџаци по кои овој регион е познат. „Argos in Cappadocia“ е луксузен хотел кој на совршен начин се вклопува во целокупниот амбиент, додека на своите гости им нуди многу луксузни услуги и врвно сместување.

Самиот хотел е сместен во срцето на овој регион, во старото село Учисар, на местото на древниот манастир кој е реновиран, за да ги достигне највисоките стандарди за луксуз и комфор кои ќе ги задоволат и најпребирливите гости. По сето тоа, се крие уште едно изненадување – интересен лавиринт кој се состои тунели и подземни премини, кои некогаш биле тајни скривници, а сега се претворени во соби за состаноци и вински подруми, кои содржат вино со висок квалитет од лозјата на хотелот.

Кога ќе ви се јаде, „SEKI“ ресторанот е совршено место за уживање во многу вкусни оброци и вина. Откако ќе ги „наполните батериите“, уште еднаш почнете да го истражувате овој прекрасен регион, кој личи на земја од бајките…

kapa2

kapa3

kapa4

kapa5

kapa6

kapa7

kapa8

kapa9

kapa10

kapa11

kapa12

kapa13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП