18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен дизајн на спални соби (фото)

Луксузен дизајн на спални соби (фото)

dae1

Креирањето на нежна атмосфера во вашата спална зависи од два основни елементи: употреба на дрво и прекрасни бои…

Дрвениот мебел, посебно во спалните соби, креира прекрасен природен стил, кој кога се комбинира со суптилни бои создава амбиент кој му одговара на вашиот мозок и на вашите очи.

Белите ѕидови се совршени во случај на декорирање на спалната соба, бидејќи тоа е смирувачка боја, која дава чист и префинет изглед кој лесно може да се вклопи со боите од останатиот мебел.

Доколку одлучите на ѕидовите да им дадете друга боја, белиот мебел би бил одличен избор во тој случај, бидејќи во таа комбинација собата би изгледала луксузно и префинето.

Во овие нежни дизајни, треба да се држите настрана од креирање на контраст, бидејќи тие не се доволно деликатни, суптилни, префинети и луксузни.

Скапоцениот мебел од дрво во комбинација со нежни бои и бели ѕидови, создава за вас оаза на луксуз и префинетост, во која ќе можете да се релаксирате по напорниот работен ден.

Уживајте во фотографиите…

dae9

dae4

dae8

dae3

dae7

dae6

dae5

dae2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП