5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Mubadala „цветаат рози“

Во Mubadala „цветаат рози“

mubadala2079958669

Државната инвестициска компанија од Абу Даби, „Mubadala“, соопшти дека во минатата година го зголемила својот профит речиси тројно повеќе, на 395 милиони долари.

Растот на профитот на оваа компанија е резултат и на инвестициите во странство.

„Mubadala“ во финансискиот извештај за 2013 година навела дека профитот од 470 милиони дирхами (128 милиони долари) скокнал на 1,45 милијарди дирхами.

Приходот на компанијата од 30,8 милијарди дирхами (8,38 милијарди долари) пораснал на 31,1 милијарда дирхами (8,47 милијарди долари).

„Mubadala“ има акции во „General Electric“, „Carlyle Group“ и во производителот на полупроводници „Global Foundries“. Исто така го разви и партнерството во индустријата за воени летала со „Lockheed Martin“.

Вкупниот имот на компанијата на крајот од 2013 бил вреден 61 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП