4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежништвото во Грција пред колапс

Градежништвото во Грција пред колапс

gr1

Цените на недвижниот имот во Грција се намалиле за 33 проценти од 2008 година досега, според меѓународната рејтинг агенција „Фич“.

Агенцијата очекува цените на недвижнините во Грција да се намалат за уште десет до 12 проценти.

Во последното тримесечие на 2012 година цените на недвижнините се намалени за 2,8 отсто во Атина, за 2,3 проценти во Солун и за 2,6 отсто во другите градови на земјата.

„Фич“ тврди дека во цела Грција има околу 270 илјади недвижни имоти, кои чекаат на купувачи, со оглед на тоа што нема побарувачка.

Четиринаесет илјади градежни фирми ги замрзнаа своите дејности, а еден милион вработени во градежништвото и во други сектори кои се поврзани со него де факто се без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП