29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција има мали шанси да ја исполни целта за јавен дефицит од...

Франција има мали шанси да ја исполни целта за јавен дефицит од три проценти од БДП

francija2

Францускиот завод за ревизија на државните сметки оцени дека Франција има многу мали шанси да ја исполни зацртаната цел за намалување на државниот дефицит на ниво од при проценти од бруто домашниот производ (БДП).

По објавувањето на извештајот на Завод за ревизија шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека остварувањето на целта „е можно“, но министерот за буџет Жером Каузак во интервју за радиото Франс Интер призна дека сепак ќе биде тешко дефицит да се сведе на три отсто на БДП во 2013 година.

– Тоа ќе биде тешко. Шансите да се постигне целта се намалуваат, како што се намалуваат и прогнозите за економскиот раст, изјави францускиот министер за буџет.

Каузак најави дека на 15 март Владата ќе предложи свој план за стабилност и дури тогаш ќе се види дали ќе бидат ревидирани некои зацртани параметри.

Француската Влада настојува да го намали структуралниот дефицит, односно делот кој не е поврзан со екононската конјуктура. Во 2013 година предвидено е структуралниот дефицит да биде намален за два процентни поени.

Париз се надева дека Брисел ќе ги „олабави“ принципите, прифаќајќи целта за ниво од три проценти од БДП да важи само за структуралниот дефицит, а не за вкупниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП