29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен куфер за козметика (фото)

Луксузен куфер за козметика (фото)

luksuz-beauty-kozmetika-moynat_1

„Moynat“ е познат француски бренд кој повеќе години се занимава со дизајнирање и креирање на престижен багаж…

Основан е пред повеќе од 150 години, во време кога беше основана и француската железница, овој бренд беше омилен меѓу луѓето кои ја открија забавата во патувањата и сакаа да патуваат со стил.

luksuz-beauty-kozmetika-moynat_2

Со цел прославување на повторното лансирање на легендарниот „Orient Express“, брендот „Moyant“ претстави неверојатен и луксузен несесер. Изработен од преубава кожа, ова парче го има познатиот „Orient Express“ шаблон на бои, додека неговиот ентериер е дизајниран од лукзузна беж ткаенина. Несесерот е изработен од цврст, но лесен материјал, додека рачките кои ги отвораат фиоките се изработени од дрво на јаболко.

luksuz-beauty-kozmetika-moynat_3

Оние кои ќе го отворат овој несесер ќе бидат изненадени, но на убав начин. Секој дел и секоја преграда на ова престижно парче се исполнети со бројни луксузни производи на францускиот бренд „Guerlain“. Во фиоките се наоѓа и винтиџ „Baccarat“ шишенце од парфемот „Shalimar“.

Цената на овој луксузен куфер за козметика се движи од 5.500 до 55.000 долари, во зависност од тоа кои материјали и останати спецификации клиентот ги прецизира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП