12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени приходите на Danone поради проблемите во Кина

Намалени приходите на Danone поради проблемите во Кина

danone_logo19fr34rfewg

Францускиот гигант во производството на млечни производи „Danone“ забележа пад на профитот во првиот квартал, поради проблемите во работењето во Кина и турбуленциите на валутните пазари.

Вкупните приходи во првите три месеци од 2014 година се намалени за 5,2 проценти на годишно ниво, на 5,06 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Danone“ минатата година се соочи со големи проблеми во вид на лажна узбуна од страна на добавувачите, поради која беа повлечени производите од Кина, што значително го оштети имиџот на компанијата.

Сега „Danone“ повторно се обидува да ја стекне довербата кај кинеските потрошувачи, по минатогодишното масовно повлекување на производи поради лажната узбуна околу квалитетот на млекото.

Работењето е слабо и во Европа, каде домашната потрошувачка е во пад уште од периодот на глобалната економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП