
Веќе неколку пати сме ви ги претставиле неверојатните „Chopard“ часовници, но овој пат ви претставуваме нешто сосема различно…


Веќе неколку пати сме ви ги претставиле неверојатните „Chopard“ часовници, но овој пат ви претставуваме нешто сосема различно…
Овој луксузен бренд не е мајстор за дизајни само за престижни часовници, подеднакво е добар и на полето на накитот, што можеме да заклучиме на основа на нивната „Imperial“ колекција.
Најновиот дел кој е додаден на колекцијата е серијата прстени и обетки, декорирани со аметист, со деликатни арабеска мотиви. Скапоцените камења кои се поставени во ценатарот на овие престижни парчиња, изберени се токму поради својата интересна боја, која отсекогаш е поврзувана со аристократијата и со кралските семејства, императорите и владетелите.
Новиот коктел прстен претставува 18-каратна златна арабеска, декориран со аметист и дијаманти. Другите предмети, исто така, прекрасно изгледаат со најмалку четири скапоцени камења. „Imperial Insignia“ парчето, кое делува како да е направено од златна чипка, совршено се вклопува со ланчето и обетките, кои делумно се декорирани со дијаманти. Целата колекција е навистина неверојатна, како што можете и самите да видите.



