28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото им создава главоболка на министрите за финасии

Еврото им создава главоболка на министрите за финасии

eu111111

Министрите за финансии на Европската унија на состанокот во Брисел, се обидоа да ги помират разликите во мислењето околу зајакнувањето на еврото и неговото влијание врз економијата.

Министрите за финансии од земјите Г20 и претставниците од централните банки, во текот на оваа недела ќе се состанат во Москава и ќе разговараат за можните „валутни војни“, во време кога Јапонија презеде чекори за намалување на вредноста на јенот, со цел да поевтини нејзиниот извоз во однос на конкуренцијата.

Француските претставници сметаат дека еврото не треба да биде препуштено на волјата на пазарот, со оглед на фактот дека некои земји ја намалуваат вредноста на својата валута за предностите во извозот.

Министерот за финансии на Ирска, Мајкл Нунан истакна дека за оваа тема ќе се разговара и на состанокот на групата Г20, додавајќи дека силата на еврото го претставува напредокот во решавањето на должничката криза, која во претходните години, во повеќе наврати се закануваше со потопување на европската валута.

Несоодветени притисоци врз ЕЦБ околу еврото

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, изјави дека несоодветниот притисок кој се врши врз ЕЦБ во однос на девизниот курс на еврото, нема да донесе ништо добро.

„Во последно време многумина го коментираа девизниот курс, и таквите коментари се несоодветни“, изјави Драги.

Тие коментари, додаде тој, „Не носат ништо добро, само ја зголемуваат конфузијата околу девизниот курс, која на нас не ни е потребна“

Францускиот претседател Франсоа Оланд, минатата недела изрази загриженост дека зајакнувањето на еврото може да го загрози извозот на еврозоната.

Еврото во изминатите три месеци зајакна за 20 проценти во однос со јенот, но Драги изјави дека светот е далеку од „валутната војна“.

„Сметам дека терминот „валутна војна, е застарен, ние не сме сведоци на нешто такво“, изјави Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП