18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНиту Apple, ниту Samsung несакаат да го погледнете ова видео!

Ниту Apple, ниту Samsung несакаат да го погледнете ова видео!

kina rabotnici apple

Електронските уреди сега се достапни за нас, отколку што некогаш биле. Ние плаќаме за нив на трговците во продавниците. Но, плаќаат и оние кои ги произведуваат, со своето здравје и животи.

Овој краток документарец кој се занимава со кинезите кои страдале на работното место произведувајќи потрошувачка електроника за големите имиња како што се „Apple“, „Samsung“, „Nokia“ и други. Најчесто се отруени со бензен, хемиско соединение кое поради својата токсичност е забранет во развиените земји.

Во Кина не е, па фабриките и натаму го користат, иако труењето со бензен може да доведе до леукемија и други болести. Уредите произведени без бензен, крајниот корисник би го чинеле само еден долар повеќе!

Како што е наведено во филмот „Who Pays the Price?“, во Кина, 200 милиони луѓе работат во услови кои се опасни за нивното здравје и живот. Официјалните податоци говорат дека една личност е отруена на секои пет часа, но се стравува дека вистинската бројка е далеку поголема.

Погледнете на што се изложени луѓето кои се заслужни за тоа ние да уживаме во употребата на нашите електронски уреди, без кои ние неможеме во денешно време, но тие тоа го плаќаат со своето здравје и живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП