10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМрсната храна го зголемува ризикот од рак на дојка

Мрсната храна го зголемува ризикот од рак на дојка

fast food collection on on white background

Со често внесување на заситени масти и конзумирање масни производи се зголемува ризикот од хормонски чувствителниот рак на дојка за 28 отсто, откриле научниците.

Масната исхрана, исто така, може да предизвика рак на дојка кај жените со дефектен ген HER2.

Најголем број облици на рак на дојка зависат од естрогенот, а од нив голем број е чувствителен на прогестерон.

Научниците кои ги истражувале податоците на 10.000 пациенти откриле поврзаност меѓу конзумирањето масти и ракот на дојка.

Истата врска не е забележана кај жените каде канцерот не бил хормонски чувствителен ниту HER2 позитивен.

Студијата опфатила повеќе од 300.000 жени во 10 европски земји.

Британско истражување од 2013 година открило дека масните јадења и брзата храна го зголемуваат ризикот од рак на дебело црево, кој е најсмртоносен облик на канцер по ракот
на белите дробови.

Ваквата исхрана го зголемува и нивото на холестерол во крвта, што може да доведе до срцеви заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП