26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров прв македонски спортист со шампионски титули во четири различни држави

Лазаров прв македонски спортист со шампионски титули во четири различни држави

EHF Handball European Championships 2012

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров стана прв Македонец кој освоил шампионска титула во четири различни национални првенства.

До овој успех Лазаров стигна по освоената титула во Шпанија синоќа со својот клуб Барселона. За него тоа беше 15.шампионски трофеј во кариерата или вкупно 37 трофеи од
различни натпреварувања.

Претходно капитенот на македонската репрезентација бил првак на Македонија (со Пелистер), Хрватска (со Загреб Кроација Осигурање) и на Унгарија (како член на Фотекс Веспрем).

Освен шампионските титули Лазаров има освоено и национални купови со четири различни екипи во четири различни земји, последниот пред две сезони во дресот на Сиудад Реал
(Шпанија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП