17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците без избор, се укинува допишувањето преку апликацијата Facebook

Корисниците без избор, се укинува допишувањето преку апликацијата Facebook

fb app2233

Најголемата друштвена мрежа „Facebook“ започна со тестирање на нова верзија на апликација која ќе содржи опција за да ги отворите пораките.

На тој начин „Facebook“ ќе ги натера корисниците за допишување преку нивниот сервис исклучиво да ја користат посебната апликација „Messenger“. Ова се однесува и на телефоните со оперативните „Android“, „iOS“ и „Windows Phone“.

Промената е неизбежна и корисниците наскоро ќе добијат известување во врска со тоа. На тој начин тие сакаат да ја избегнат илузијата дека постојат две апликации за допишување.

Досега корисниците за допишување немораа да го превземат „Messenger“, туку можеа тоа да го сторат по пат на основната апликација. Но, сега тој избор ќе им биде скратен, па така сите ќе мораат да ја превземат апликацијата „Facebook Messenger“ доколку сакаат да бидат во контакт со своите пријатели на оваа друштвена мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП