2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтказот во Amazon чини 5.000 долари

Отказот во Amazon чини 5.000 долари

8860a962d931489db722f32cc4b5455d-8860a962d931489db722f32cc4b5455d-0

Во годишното писмо до акционерите на компанијата „Amazon“ извршниот директор Џеф Безос ја откри можеби најчудната тактика во кадровската политика во корпоративна Америка: ако вработениот не е задоволен со работното место во оваа онлајн продавница, може да добие и до 5.000 долари ако даде отказ.

Програмата е наречена „Платен за отказ“ и претставува едноставен начин работите да се средат во рамките на компанијата, вели Безос и додава „Еднаш годишно им нудиме на вработените да им платиме за да дадат отказ. Секако тоа важи за оние за кои сметаме дека местото не им е тука. Првиот пат им нудиме по 2.000 долари, а секоја следна година понудата расте за илјада долари, и така се до износот од 5.000 долари. Називот на понудата секогаш гласи „Ве молиме да не ја прифатите оваа понуда…“

Програмата „Платен за отказ“ е за прв пат применета во компанијата „Zappos“, која е во сoпственост на „Amazon“, а потоа овој принцип е воведен и во матичната компанија. На прв поглед самата идеја делува сосема спротивно на основните принципи на работењето, според кои компаниите ги плаќаат работниците за да работат, а не да не работат. Но низ праксата се покажало дека се исплати да се инвестира во немотивираните работници.

„Долго време анализираме, не е добро во компанијата да работат луѓе кои едноставно не сакаат да бидат тука. Не само за компанијата, тоа не е добро ниту за вработените“, објаснува Безос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП