13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот Baccarat апартман (фото)

Прекрасниот Baccarat апартман (фото)

apa141

Еве го првиот поглед на прекрасниот дуплекс апартман, кој се наоѓа на самиот врв на луксузниот хотел „Baccarat“…

Овој апарман од 60 милиони долари, кој ја крунисува оваа елегантна зграда со 50 ката, зазема површина од речиси 1.000 метри квадратни, со додатен простран балкон од 50 метри квадратни. Луксузниот дуплекс кој се наоѓа во уште полуксузна градба има пет спални соби и 5 бањи. Во главната бања се наоѓа лебдечка скулптуларна када.

Екстериерот на оваа луксузна и екстравагантна кула го дизајнирале „Skidmore Owings & Merrill“ студиото, додека пак, резиденциите кои се наоѓаат во неа се дело на Тони Ингроа.

Ингроа имал некои интересни избори во текот на работата на овие ентериери како што се прилагодените елементи од бронза со парченца кристали, модерен мебел и пратечки декор, како и прозорци од подот до плафонот кои пропуштаат природна светлина, која на овој простор му дава сосема нов живот.

Тој исто така се потрудил во секој ентериер да се наоѓа „Baccarat“ лустер, кој служи како потпис на овој префинет бренд. Воглавно, префинетите „Baccarat“ лустери се сместени во фоајета, за да привлечат сосема доволно внимание на секој кој ќе помине внатре во ова неверојатно чудо на архитектурата.

apa142

apa143

apa144

apa145

apa141

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП