26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите ја добија најтешката квалификациска група за ЕП во Полска

Ракометарите ја добија најтешката квалификациска група за ЕП во Полска

makedonija rakomet

Македонската ракометна репрезентација ја доби најтешката можна група во квалификациите за Европското првенство во Полска во 2016 година, откако на денешната ждрепка во Варшава ги доби актуелниот европски првак Франција, Чешка и Швајцарија за противници.

На Евро 2016 ќе се пласираат најдобрите две селекции од секоја група, како и најдобрата третопласирана репрезентација од групите.

Група 1: Хрватска, Норвешка, Холандија, Турција

Група 2: Данска, Белорусија, Литванија, БиХ

Група 3: Словенија, Шведска, Словачка, Летонија

Група 4: Србија, Исланд, Црна Гора, Израел

Група 5: Унгарија, Русија, Португалија, Украина

Група 6: Франција, Македонија, Чешка, Швајцарија

Група 7: Шпанија, Германија, Австрија, Финска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП