20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата гo намали долгот кон компаниите за 72,4 милиони евра

Државата гo намали долгот кон компаниите за 72,4 милиони евра

vlada1

Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.

Како што соопшти Министерството за финансии на средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваше 5.653.277.738 денари или 92 милиони евра. Заклучно со денеска, обврските на државата кон стопанството се намалени на 1.198.000.000  денари, односно на 19,5 милиони евра. Со тоа обврските од почетокот на отплатата се намалиле за 4,4 милијарди денари  или 72,4 милиони евра.

Ова, како што наведуваат од Министерството,  докажува дека исплатата се одвива согласно утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари.

Владината мерка почна во септември минатата година, со цел подобрување на ликвидноста на фирмите.

Министерството за финансии истакнува дека Македонија е единствена од земјите во регионот која пристапи кон решавање на заостанатите обврски кон фирмите што беше признаено и пофалено од Светска банка и ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП