9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry повторно размислува за напуштање на пазарот на смартфони

BlackBerry повторно размислува за напуштање на пазарот на смартфони

chen bb

„BlackBerry“ не исклучува можноста да го напушти пазарот на мобилни телефони. Како алтернатива компанијата гледа кон инвестиции, превземања на други компании и партнерства, вели нејзиниот извршен директор Џон Чен пред агенцијата „Reuters“.

„Ако не можам да направам пари кај мобилните уреди нема да бидам во овој бизнис“, вели тој.

Чен додава дека според него е можно овој сегмент од приходите на компанијата да биде во добивка, само ако таа обезбедува околу 10 милиони уреди годишно. За минатото тримесечје сепак фирмата е продаде помалку од 2 милиони примероци.

Чен не споделува колку време ќе чека да види дали може да ја постигне целта. Наместо тоа, тој дава повеќе детали што би правела компанијата потоа.

„Градиме тимови од инженери, кои се фокусирани на безбедноста“, вели Чен.

Тие се поделени на две групи. Едната е насочена кон услугите, а другата кон самите уреди. „BlackBerry“ предвидува стекнување на помали компании, кои можат да ги зајакнат нејзините можности во сферата на безбедноста. Паралелно со тоа ќе бара и партнерства со други компании во разни активности како што се здравството, финансиски услуги и друго. Основната дејност на „BlackBerry“ ќе е да работи на подобрување на безбедноста на комуникациите во овие сектори.

Интерес за компанијата претставува и „M2M“, или комуникацијата машина со машина. Тоа ќе е основна од „интернет на нештата“, за која многумина аналитичари предвидуваат голема иднина. Од „BlackBerry“ се надеваат дека ќе имаат голема улога и во овој бизнис .

„Заинтересирани сме не само да раководиме со уреди на „BlackBerry“. Сакаме да раководиме со сите уреди кои вие сакате да зборуваат меѓу себе“, вели извршниот директор на компанијата.

Чен вели дека во моментов не размислува за долгорочни планови.

„Тука нема луксуз, губиме многу пари. Сегашната цел е да оствариме со „BlackBerry“ уредите минимална добивка до крајот на фискалната година, која завршува во февруари 2015-та година“. вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП