3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСупер-јахтата Apostrophe (фото)

Супер-јахтата Apostrophe (фото)

mlo1

Во текот на минатогодишниот саем за јахти во Монако, познатото холандско бродоградилиште „Hakvoort“ ја претстави супер-јахтата наречена „Apostrophe“…

Замислена од страна на „Reymond Langton Design“ студиото, со наутичка архитектура која е дело на „Diana Yacht Design“, оваа јахта е многу шик, со својот модерен екстериер и богат арт-деко ентериер, кои се осмислени до совршенство.

Со своите интересни линии, закривената силуета и уникатниот шаблон на бои со црни прозорци, сив труп и бела структура, „Apostrophe“ е дефинитивно вид на јахта кој се издвојува од сите други. Со речиси 40 метри должина, доволно е голема нејзините гости да бидат сместени во светли и пространи ентериери, кои се совршени за обожавателите на отвореното море и за уживање под сонцето.

Како што веќе кажавме, ентериерите на оваа луксузна јахта се инспирирани од арт-деко стилот, што значи дека имаат вибрации од 20-тите и 30-тите години од минатиот век. Овој ентериер ќе им се допадне дури и на оние кои не се љубители на уметноста и сигурно ќе го ценат луксузното сместување кое им се нуди. Палубите на овој брод се многу пространи и елегантно уредени, па така, постои доволно место за уживање во сонцето, додека пиете освежителен пијалок и уживате во чистиот морски воздух.

mlo2

mlo3

mlo4

mlo5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП