26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн веќе заработи над 50 милиони евра во ЛШ

Баерн веќе заработи над 50 милиони евра во ЛШ

Bayern_Munich_287

Бранителот на титулата, Баерн Минхен, ја премина границата од 50 милиони приходи по пласирањето во полуфиналето од Лигата на шампионите, објавија германските медиуми.

„Баварците“ синоќа го елиминираа Манчестер Јунајтед по 3:1 на „Алијанц Арена“ и 1:1 во првиот натпревар како гостин. Тоа му донесе на клубот дополнителна премија од 4,9 милиони евра.

Па досега во ова натпреварувње германскиот првак заработи 25,9 милиони евра само од премии од УЕФА. Кога на оваа сума ќе се додадат и приходите од телевизиските и правата за рекламирање, како и од продажбата на билетите за средбите на домашен терен сумата е над 50 милиони евра. При пласман во финалето на 24-ти мај во Лисабон, Баерн ќе си обезбеди уште 6,5 милиони евра, а ако повторно ја освојат титулата, клубот ќе земе премија од УЕФА од 10,5 милиони евра.

При триумфот во минатата сезона баварците инкасираа вкупно приходи од 55 милиони евра, 19,1 милиони од телевизиски и маркетинг права и 15 милиони од продажба на билети.

Ждрепката за полуфиналето на Лигата на шампионите е утре, а во канцелариите на Баерн од утрото веќе се добиени 290.000 барања за карти за натпреварот на „Алијанц Арена“, иако противникот уште не е познат.

Во продажба ќе бидат пуштени само 25 илјади билети, бидејќи останатите се резервирани за носителите на сезонски билети и за навивачи на гостинскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП