6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на мало во јануари со пораст од 0,1 отсто, трошоците на...

Цените на мало во јануари со пораст од 0,1 отсто, трошоците на живот за 0,3 проценти

super1

Цените на мало во јануари годинава во однос на претходниот месец бележат зголемување од 0,1 отсто, а трошоците на живот зголемување од 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на јајцата за 4,6 отсто, безалкохолните пијалоци за 4,3 отсто, рибата за 3,6 отсто, зеленчукот за 2,7, тестенините за 2,5 отсто, сувото овошје за 1,6 отсто, алкохолните пијалоци за 1,5 отсто, преработките од овошје за 1 отсто, преработките од зеленчук за 0,7 отсто, месото за 0,5 отсто, преработките од месо и кондиторските производи за 0,4 отсто.

Во јануари, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 15,2 отсто, храната и пијалоците во рестораните и хотелите за 2,0 отсто, лековите за 1,1 отсто, облеката и електричните апарати за домаќинствата за 0,4 отсто и туристичките аранжмани за 0,3 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 1,9 отсто, мастите за 0,9 отсто, млечните производи и други прехранбени производи за 0,6 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 4,9 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 3,3 отсто, средствата за образование и сообраќајните средства за 2,3 отсто, нафтените деривати за 0,5 отсто и обувките за 0,3 отсто.

Индексот на цените на мало во јануари 2013 година, во споредба со јануари 2012 година, бележи пораст од 2,4 отсто, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 3,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП