сабота, февруари 27, 2021
6 °c
Skopje
5 ° саб
4 ° нед
5 ° пон
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.58 0%    KMB 7,877.21 -3.89%    MPT 71,000.00 -2.74%    OHB 5,570.00 0%    OKTA 3,501.00 -2.75%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN19 99.50 0%    STB 1,251.04 -0.63%    STIL 58.00 0%    TETE 1,800.00 0%    TNB 19,944.22 -4.21%    TTK 1,406.83 -1.86%    UNI 2,522.00 -2.25%    
Почетна КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ

Кратки вести од светот

април 9, 2014
во категорија КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ
A A
Кратки вести од светот
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

najnovi-vesti1

Атина – Грција заработи 1,3 милијарди евра со продажба на шестмесечни држави записи, пред влезот на пазарот на долгорочни обврзници од кој е исклучена веќе 4 години. Каматните стапки на шестмесечните обврзници паднаа на 3,01 од 3,6 отсто од претходната слична аукција одржана во март, наведе Агенцијата за управување со јавниот долг.

Атина – Грчкиот извоз во февруари е намален петти месец по ред, покажаа податоците на Заводот за статистика во Атина. Во следните месеци се очекуваат слични резултати, бидејќи извозот веќе чувствува последици од неодамнешниот развој на настаните во Русија и Украина, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Истовремено, увозот е во пораст, што може да биде знак за економско зајакнување, но во комбинација со падот на извозот го спречува намалувањето на надворешно-трговскиот дефицит.

Белград – Директорот на Унијата на работодавци на Србија Драгољуб Рајиќ смета дека 30.000  работници годишно од јавниот сектор можат да се префрлат во приватниот. На прашањето колку во овој момент е реално вишокот на вработени од јавниот сектор да се префрли во приватниот и колку сега би можеле да се вработат кај приватници, Рајиќ вели дека потенцијал во реалниот сектор има, но дека ништо не може да се прецизира додека не се донесе таква програма.

Белград – Во следните 10 дена треба да се постигне договор, а потоа и да се потпише концесионен договор за големите инфраструктурни, пред се патни проекти. Тоа го најави лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, по состанокот со лидерот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ. – Тоа е начин задолжувањата да се решат со големи инфраструктурни проекти, рече Вучиќ, наведувајќи дека инсистира на тоа сите работи да бидат готови во следните четири години.

Подгорица – Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска побара од црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ веднаш да се запре процесот за продажба на имотот на „Комбинатот за алуминиум – Подгорица“ (КАП). Дерипаска бара и сегашниот тричлен Одбор на доверители да се замени со петчлен, со што неговата фирма би имала мнозинство. Дерипаска бара црногорската Влада да обезбеди во стечајната постапка за КАП да се почитуваат меѓународните стандарди и домашните закони, да се раскине соработката со државната „Монтенегро бонус“, која управува со компанијата и на најголемите доверители да им се овозможи пристап до оперативните активности во подгоричката фабрика.

Подгорица – Црна Гора лани имала покриеност на извозот со увозот од само 21,2 отсто, што е дури и раст во однос на претходната година кога изнесуваше 20,1 отсто. Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора лани изнесувала 2,15 милијарди евра, што е пад од 1,8 отсто во однос на претходната година, соопштено е од статистичката агенција Монстат. Истовремено, извезена е стока во вредност од 375,6 милиони евра, што е за 2,4 отсто повеќе, а увезена е за 1,773 милиони евра или за 2,6 отсто помалку во однос на 2012 година.

Загреб – Управата на унгарската „Мол“ најави можност за гаснење на една рафинерија на хрватската нафтена компанија „Ина“, која инаку се наоѓа во нивна сопственост. Можноста за гаснење на една од рафинериите на „Ина“ постои, со оглед на падот на побарувачката за нафтени преработки и непрофитабилноста на рафинериското работење, сметаат дел од нафтените експерти, додека други сметаат дека рафинериите на „Ина“ можат да бида попрофитабилни со модернизација и враќање на традиционалните пазари во Хрватска и соседните земји.

Берлин – Индустриското производство во Германија во февруари порасна за 0,4 отсто, соопшти германското Министерство за економија. Забележаниот раст ги надмина предвидувањата на експертите кои очекуваа раст од 0,3 отсто. Индустриските порачки се поголеми, а економистите оценуваат дека германската економија ја врати силата по разочарувачкиот почеток на четвртиот квартал во 2013 година.

Берлин – Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека кризата во Украина може да ги загрози обидите на Берлин идната година да го усогласи буџетот. Шојбле за германскиот весник „Билд“ рече дека не може да гарантира дека германската државна потрошувачка нема да ги надмине буџетските приходи идната година, како што прогнозираше во март. – Никој не знае како ќе се одвиваат работите во Украина, наведе министерот, додавајќи дека сепак постојат добри шанси буџетот да се усогласи и дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ тоа да го оствари.

Вашингтон – Најавата дека Русија ќе купи 500.000 барели нафта од Иран, предизвика загриженост во Белата куќа, поради можно загрозување на договорот за иранската нуклеарна програма. Рускиот економски дневник „Комерсант“ информира дека Русија планира купување на 500.000 барели иранска нафта дневно, со што би била надмината извозната граница поставена со преодниот договор за иранскиот нуклеарен потенцијал, што Техеран го постигна со светските сили кон крајот на минатата година.

Токио/Канбера – Јапонија и Австралија постигнаа трговски договор за намалување на царините на увоз на клучни производи, јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Јапонија се согласи да ги намали царините на австралиското говедско месо и да ги зголеми квотите за безцарински увоз на сирење, најголемиот австралиски млечен извозен производ во Јапонија, додека Австралија ќе ги намали царините на увоз на јапонска електроника, автомобили и бела техника.

Тагови: akciiberzabiznisdolariekonomijaevrakratkimilijardimilioniparisvetvestiакцииберзабизнисвестидолариевраекономијакраткимилијардимилионипарисвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Официјално е објавена верзијата Windows 8.1

Следна Објава

Започнува интернационалниот настан „НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014“

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
124

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Прочитај повеќе
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
44

Популарниот јутубер Филип Корој (чиј канал се нарекува „Everything Apple Pro“) се здружи со Макс Вајнбах, познат по тоа што...

Прочитај повеќе
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
61

Глобалните воени трошоци во текот на минатата година достигна нов рекорд, и покрај пандемијата на новиот коронавирус и тешката економска...

Прочитај повеќе
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година
КОМПАНИИ

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
16

„Anheuser-Busch InBev“ предвидува „значително“ подобар профит за 2021-ва година, откако Бразил и Мексико и помогнаа на најголемата пиварница во светот...

Прочитај повеќе
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021
113

Меѓународната трговија продолжи на крајот на минатата година со нивоа на пред-пандемијата на коронавирусот, компензирајќи ја штетата предизвикана од ширењето...

Прочитај повеќе
Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)
АВТОБИЗ

Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)

февруари 26, 2021
80

Чешкиот производител „Skoda“ објави цела галерија на фотографии од камуфлиран прототип на новата „Fabia“, откривајќи ги техничките карактеристики и спецификациите...

Прочитај повеќе
АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда
ЕКОНОМИЈА

АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

февруари 26, 2021
36

Падот на приходите на осигурителните компании за 5 отсто лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците...

Прочитај повеќе
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска
СПОРТБИЗ

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

февруари 26, 2021
107

Селекторот на ракометната репрезентација на македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на играчи за претстојниот квалификациски дво-меч со светскиот...

Прочитај повеќе
Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта
ЕКОНОМИЈА

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

февруари 26, 2021
194

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите...

Прочитај повеќе
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна
ЕКОНОМИЈА

„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

февруари 26, 2021
64

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Летово роаминг исто како дома!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Народен лек кој ги уништува бактериите во желудникот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Дали Комерцијална банка ќе подели дивиденда и покрај забраната од страна на Народната банка?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021

февруари 26, 2021
1.8k
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

февруари 26, 2021
241

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
185

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Започнува интернационалниот настан „НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014“

Започнува интернационалниот настан „НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014“

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани