20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристите во 2012 година

Зголемен бројот на туристите во 2012 година

turisti1

Македонија лани ја посетиле 2,5 отсто повеќе туристи од 2011 година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 2,4 отсто, а на странските е зголемен за 7,3 проценти.

Бројот на ноќевањата е намален за 1 отсто, кај домашните туристи за 5,5 проценти, додека кај странските е евидентирно зголемување за 7,5 проценти.

Во декември лани во однос на истиот месец во 2011 година, бројот на туристи бил 31.396, а бројот на ноќевањата 63.260. Бројот на туристите е намален за 4,5 отсто, а на ноќевањата е зголемен за 0,5 отсто. Бројот на домашните туристи е намален за 7,1 отсто, а на странските за 2,1 процент. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските е зголемен за 2,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП