27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ја затвора фабриката во Костарика

Intel ја затвора фабриката во Костарика

intelcostarica47wq874w87w87fd8w

Американската корпорација „Intel“ ќе ја затвори фабриката за производство на микропроцесори во Костарика, а без работа ќе останат 1,500 работници, соопштија од компанијата.

По внимателната анализа, компанијата одлучи да ја прекине работата во Костарија со цел оптимизација на ефикасноста на глобално ниво, се наведува во соопштението на компанијата.

Во соопштението се истакнува дека оваа одлука била тешка со оглед на блиската врска со општеството и владата на Костарика. Компанијата планира фабриката постепено да ја затвора до крајот на оваа година.

„Intel“ наведе дека има намера да соработува со властите на Костарика, со цел последиците од одлуката да бидат помали за земјата. Истовремено, во соопштението на „Intel“ се истакнува дека во таа земја ќе продолжи да работи Центарот за глобални услуги и Центарот за равој на инженеринг во кои има околу илјада вработени.

Компанијата за производство на микропроцесори „Intel“ во Костарика работи од 1997 годна. Приходите од извозот како и производството достигнуваат околу две милијарди долари годишно и изнесуваат речиси 20 проценти од вкупниот извоз на земјата.

Во перидот до 2012 година оваа корпорација во Костарика инвестирала 900 милиони долари, што претставува шест проценти од вкупните странски инвестиции во таа земја, инвестирани во последните 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП