Лансирана во 2013 година, фантастичната „Columbus Sport Hybrid 40M“ јахта е вистинска икона на стилот, елеганцијата и префинетоста…
Оваа јахта е сон за сите млади лица, кои сакаат море и едрење. Специјално дизајнирана од страна на „Hydro Tec“ брендот, со цел намалување на загдувањето и потрошувачката на гориво, оваа моторна јахта од 40 метри е прекрасно пловило, конструирано во почитуваното италијанско бродоградилиште Палумбо.
Ентериерот кој е дел на „Hot Lab“ дизајн, претставува мултифункционален простор со големи прозори и еко материјали. Во кабините кои се дел од оваа јахта можат да бидат сместени 10 лица, додека главниот апартман е наменет за сопственикот. Исто така, на оваа јахта има сосема доволно место за девет членови на екипажот.
Јахтата ја напојува напреден хибриден мотор, со максимална брзина од 22 јазли, со намалено негативно влијание на животната средина.
Оваа јахта ќе ви го овозможи максималниот комфор и луксуз кој го посакувате.