20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања за безбедна храна

Кампања за безбедна храна

dejan1

Градинки, основни и средни училишта, како и граѓани потрошувачи од сите возрасти во општините Гази Баба, Кисела Вода, Штип, Прилеп и Гостивар ќе бидат опфатени со кампањата за безбедна храна.

Кампањата почнува денеска и ќе трае две недели. Ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со 1,6 милиони денари финансиска поддршка од Јапонската агенција за меѓународна соработка „JICA“.

– Активностите ќе се фокусираат на одржувањето лична хигиена, миењето, чувањето и подготвувањето на храната, правилното читање на декларациите и изборот во рестораните, рече на прес-конференцијата директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски.

Според него, потребата од едукација на потрошувачите за консумирање храна никогаш не е доволна.

Како што истакна градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кампањата ќе ги едуцира и вработените во градинките и училиштата кои понатаму практично ќе го продолжат проектот преку секојдневното работење.

Целта е да ја подигнеме свеста за правилна и поквалитетна исхрана на граѓаните од сите возрасти, потенцира Трајковски.

Тој и директорот Рунтевски потпишаа Меморандум за соработка со што и официјално го означија стартот на кампањата. Доколку бидат обезбедени дополнителни средства, како што истакна Рунтевски, активностите ќе се имплементираат и во други општини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП