6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕTiffany & Co луксузен сет за пикник (фото)

Tiffany & Co луксузен сет за пикник (фото)

setpik2

„Tiffany & Co“ е еден од оние луксузни брендови кој лесно влезе во сите сфери од нашите животи…

Оваа американска мултинационална компанија, која се базира на производство на луксузен накит, а посебно е позната по дијамантскиот накит, по среброто и живописните сини кутии, сега ни го претставува својот новитет. Во прашање е корпа за пикник, која е, што е и очекувано, совршено луксузно дизајнирана и елегантна. Совршена е за пикник во природа со саканата личност, а бидејќи пролетта веќе пристигна, сега и ни е потребна. Во понудата, покрај самата корпа, има и сјајни пратечки аксесоари, како што е носликата за вино. Овие два производи совршено ја претставуваат филозофијата на „Tiffany & Co“ брендот, која се заснова на елеганцијата, ексклузивноста и беспрекорната изработка.

setpik1

„Central Park“ носилката за вино е од италијанска трска, а е обложена со сини кожни каиши од „Tiffany“. Нејзините предмети внатре се направени од паладиум и од месинг, додека пак, внатрешноста е обложена со високо квалитетен памук. Кога ќе ја отворите, во нејзе ве очекуваат две „Riedel“ чаши за вино, „Tiffany & Co“ сребрен отворач за вино, како и две прекрасни коктел салфетки. Рачно е направена во Италија, а чини 1.450 долари.

setpik2

„Tiffany Central Park“ корпата за пикник, исто така, е направена од италијанска трска, декорирана со сини каиши „Tiffany“ и обложена со памук. Во неа се наоѓаат две „Riedel“ чаши за вино, две чинии за леб и десерт, две салфетки и сет за сечење сирење направен од сребро. Нејзината цена е 3.700 долари, а исто така е произведена во Италија.

setpik3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП