26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕFreywille – луксузна елеганција за мажи (фото)

Freywille – луксузна елеганција за мажи (фото)

manz1

При креирањето на машката колекција, „Freywille“ секогаш се стремел кон создавање на симбол преку кој мажите на едноставен и уникатен начин ќе можат да ја истакнат својата успешност и пребирлив вкус за луксуз.

Колекцијата се состои од манжетни и вратоврски кои се вистинско уметничко дело на дизајнерите на оваа колекција. Доколку можете да си дозволите некое парче од оваа луксузна колекција, побрзајте со нарачката, бидејќи нивната серија е лимитирана.

manz2

Колекцијата манжетни со препознатливи симболи е изработена од жолто и бело злато, платина и сребро. Овие манжетни се наменети за специјални настани, но оние пребирливите можат да ги комбинираат и во секојдневниот стајлинг. Нивната цена се движи од 2,300 до 9,800 долари.

manz3

Тука е и колекцијата на вратоврски која е изработена од најквалитетните парчиња на свила и платното крафт во девет различни бои, таа претставува комбинација која ги прикажува несекојдневниот и класичниот стил. Таа е симбол за машката елеганција и совршените модни детали. Цената на овие луксузни вратоврски започнува од 1,900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП