27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilip Morris ја затвора и фабриката во Холандија

Philip Morris ја затвора и фабриката во Холандија

sede_philip_morris_getty_060313

Два дена откако го најави затворањето на фабриката во Австралија, „Philip Morris“ денес најавува затворање и на фабриката за цигари во Холандија.

Меѓународниот производител на цигари „Philip Morris“ оваа година ќе ја затвори и фабриката во Холандија и ќе угаси 1,230 работни места поради големиот пад на продажбата.

„Денешното исклучително тешко соопштение е резултат на длабоки и темелни проценки на сите достапни опции“, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Philip Morris“ ќе ја затвори фабриката во холандскиот град Берген, од која најголем број на произведени цигари одат на европскиот и јапонскиот пазар.

Како што се наведува во соопштението на компанија, продажбата во последните четири години е намалена за 20 проценти, за што е виновна финансиската криза, но и фактот што луѓето се повеќе пушат поевтини цигари или користат тутун за виткање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП