16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на откупот и продажбата на земјоделските производи за 4,3 проценти

Пораст на откупот и продажбата на земјоделските производи за 4,3 проценти

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски  производи во октомври 2012 година, изнесува 1.136.543 денари, што претставува зголемување за 4,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

За 89,1 процент е зголемена вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 32,5 проценти.

Намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај  житата, индустриските растенија, овошјето, живината и јајцата додека зголемување на вкупниот откуп и продажба е забележано кај градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалоци, добитокот, млекото, млечните производи и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП