ПочетнаЕКОНОМИЈАФФМ на студиски престој во Унгарија

ФФМ на студиски престој во Унгарија

ffm1

Претставници од Федерацијата на фармерите ќе имаат тридневен студиски престој во Унгарија каде што ќе реализираат средби со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството.

Целта на  патувањето е реализирање на средби и размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто.

Првата средба ќе се реализира со македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов.

Во рамки на тридневниот престој ќе бидат остварени средби во Министерството за земјоделство каде ќе се разговара за Системот на финансиска поддршка на ЕУ за групи на производители и организации на производители во секторот градинарството.

Една од главните средби е состанокот со Истван Јакаб, потпретседател на унгарскиот парламент и претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи.

Студискиот престој е реализиран од страна на Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, со поддршка од Агбиз програмата на УСАИД.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП