26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilip Morris го прекинува производството во Австралија

Philip Morris го прекинува производството во Австралија

P

Гигантот во тутунската индустрија „Philip Morris“ соопшти дека го прекинува производството на цигари во Австралија и го преселува во Јужна Кореја.

Компанијата објави дека, после речиси 60 години, ќе ја затвори фабриката во Мурабин, каде без работа ќе останат 180 лица.

„Philip Morris“ наведува дека една од причините за оваа одлука е заострувањето на регулативите за производство на цигари. Во иднина цигарите за австралискиот пазар ќе се произведуваат во Јужна Кореја.

„Ова е екстремно тешка одлука и страшна вест за нашите работници“, соопшти Џон Гледхил, управен директор на „Philip Morris“ во Австралија, Нов Зеланд и на пацифичките острови.

Компанијата објави дека не успеала да го зголеми извозот во време кога домашната побарувачка за цигари во Австралија постепено се намалува во последните неколку години.

Проблемите со извозот настанаа во 2010 година, по измената на прописите за заштита од пожар, поради што „Philip Morris“ мораше да произведува цигари кои не се добро примени на другите пазари.

Австралија во 2012 година стана прва држава во светот која воведе „чисто пакување“ за цигарите, без името на производителот и без боја. Намсето тоа, на кутиите се наоѓаат само предупредувања за здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП