Скапоцените амајлии кои се носат во вид на фантастични ѓердани, се новото дело на брендот „Cartier“…
Инспирирана од традиционалниот накит на луксузниот бренд „Cartier“, новата „Amulette de Cartier“ колекција ја чува тајната за среќа на една личност. Фасцинацијата на амајлиите лежи во нивното двојно значење, а кога ќе бидат претставени како неодоливи ремек дела кои нежно светкаат и привлекуваат внимание, тогаш се уште поинтригантни.
Од една страна, овие амајлии се олицетворение на комплетната елеганција, чистиот луксуз и безвременската убавина на дизајнот, додека пак од друга страна, тие се декоративни чувари на вашите интимни тајни. Како амајлиите кои носат среќа, тие ја исполнуваат желбата на својот сопственик, ги чуваат неговите тајни и носат љубов. Тие имаат висока емоционална вредност.
Енергијата на таквите талисмани и ефектот на нивната способност зависат од нашите верувања, а нивното значење е инспирирано од традиционалните симболи кои потекнуваат од праисторијата, односно од сите култури и религии во светот.
Овие амајлии кои се дело на луксузниот француски бренд „Cartier“ се претставени во четири различни стилови и големини. Заеднички им е кружниот облик и карактеристичниот изглед, декориран со мистични скапоцени камења во средината.