25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung официјално ja воведе линијата на таблети - Tab4

Samsung официјално ja воведе линијата на таблети – Tab4

tab4-black

Kога „Samsung“ нa „CES 2014“ ги претстави таблетите „TabPRO“ и „NotePRO“, можевме да претпоставиме дека оваа компанија во ознаките на своите таблети ќе ги отстрани празните места.

Тоа е причината поради која новата линија на таблети ја носи ознаката „Tab4“. Станува збор за таблети со големина на екранот од 7.0, 8.0 и 10.1. Добра вест е тоа што некои од спецификациите до кои претходно дојдовме не се така лоши, со оглед на тоа дека таблетите нема да имаат 1GB, туку 1.5GB RAM.

Од друга страна, можеше да се слушне дека двата помали таблети ќе имаат камери од 3MP, додека 10.1 ќе има 8MP, но официјалните информации велат дека сите три ќе имаат камера од само 3MP. Што се однесува до резолуцијата на екранот, сите три таблети ќе имаат иста од 1280 x 800, додека како процесор ќе користат „quad-core“ од 1.2GHz.

Сите три верзии на таблети ќе бидат понудени со или без модул за користење на интернет од мобилните мрежи, а ќе бидат понудени во бела и црна боја. Продажбата ќе започне во овој квартал, иако тоа е релевантен податок, затоа што овој квартал започна, а слабите спецификации би требало да обезбедат поволни цени, како што е во случајот со претходната генерација на „Galaxy Tab“ уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП