ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите за финансии на ЕУ на средба во Брисел

Министрите за финансии на ЕУ на средба во Брисел

Europe1

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот на Европската унија за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН), на која ќе бидат разгледани неколку регулативи за економско менаџирање на еврозоната.

Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледуваат Заклучоците на Советот за годишниот преглед на економскиот раст и Извештајот за механизмот за рано предупредување за 2013 година.

Покрај ова, учесниците на средбата ќе разговараат и за Предлог-буџетот на Унијата за 2014 година, како и за Препораките за ослободување на Европската комисија од одговорност за извршување на Буџетот за 2011 година.

Министрите за финансии од ЕУ ќе ги разгледаат и документите за претстојна средба со нивните колеги и со гувернерите на централните банки на државите од Г-50, што ќе се одржи во петок и сабота во Москва.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП