29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMакедонско-Германска четвртфинална битка! Вардар против Фленсбург, Металург против Кил

Mакедонско-Германска четвртфинална битка! Вардар против Фленсбург, Металург против Кил

vardar metalurg24

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони ги добија своите противници во ¼ финалето од ова натпреварување. На патот кон „Ф4“, актуелниот шампион на Македонија, Вардар и вицепрвакот Металург ќе ги одмерат силите со бундеслигашите Фленсбург и Кил.

Пред ждрепката која денеска се одржа во Виена, различни беа желбите на ракометарите на двата наши клуба, некои дури посакуваа меѓу себе да одлучат кој ќе патува во Келн, но сепак вака двете екипи ќе имаат можност да се борат за завршницата во ракометната Лига на шампиони.

Како што е веќе познато првите средби се предвидени да се одиграат во периодот од 16-ти до 20-ти април, термини во кои Металург го пречекува Кил, додека Вардар гостува кај Фленсбург.

Предвидено е реваш натпреварите да се играат од 23-ти до 27-ми април, а точните датуми на кои ќе настапат нашите претставници ќе бидат наскоро познати.

Инаку да не заборавиме, за пласман меѓу најдобрите четири во Европа ќе се обидат да обезбедат, Барселона на нашиот Кире Лазаров која ќе се сретне со екипата на Рајн Некар, а пак ПСЖ за противник го доби тимот на Веспрем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП