19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеопходна е реална евиденција на невработените лица

Неопходна е реална евиденција на невработените лица

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, истакна дека неопходна е реална евиденција на невработените лица, бидејќи на тој начин полесно ќе се решава проблемот со невработеноста. Ова беше истакнато на десетата по ред дводневна конференција на директорите на центарот на јавни служби за вработување на државите од Југоисточна Европа.

„Мерките кои треба да се преземат, како и програмите за намалување на невработеноста, зависат од точната и реалната евиденција на невработените лица”, истакна министерот Ристовски. Тој посочи дека, за да се создаде реална евиденција во Македонија, извршени се неколку законски измени.

„Со донесените измени се воспоставуваат две евиденции и тоа на невработени кои активно бараат работа и на други невработени лица. Ова е направено со цел да се стави поголем акцент на оние кои навистина бараат работа. Ова е важен предуслов за да се креираат активни политики за вработување со што значително ќе се влијае на пазарот на трудот”, рече Ристовски.

Малкумина од невработените прифаќаат работа која им се нуди преку агенцијата, вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, кој додаде дека најчесто работата ја одбиваат оние кои немаат ниту соодветно образование, ниту подготовка за било која професија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП