25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати сите четвртфиналисти во ракометната Лига на шампиони

Познати сите четвртфиналисти во ракометната Лига на шампиони

vardar

Со одигрувањето на последниот реванш осминафинален дуел меѓу Рајн Некар Ловен и Киелце познати се сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите во ракомет.

Победа од 27:23 постигна Рајн Некар Ловен и со тоа се пласира во ТОП 8, благодарение на поголемиот број гоови постигнати на гостиински терен (55:55 вкупен резултат).

На денешното извлекување Македонија ќе има два тима (Вардар и Металург).

Во првиот „шешир“ ќе бидат: Вардар, Барселона, Кил и Веспрем.

Во вториот „шешир“ се екипите: Металург, Рајн Некар Ловен, Флензбург и ПСЖ.

Екипите од вториот „шешир“ ќе бидат домаќини на првиот натпревар што треба да се игра во термин од 16 – 20 април, додека реваншите се предвидени за деновите 23 – 27 април на терен на екипите од првиот „шешир“.

Извлекувањето на двојките ќе се изврши во Виена со почеток во 12 часот и 15 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП