11 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајексклузивниот имот во Њујорк (фото)

Најексклузивниот имот во Њујорк (фото)

ikj1

Њујорк е град кој е познат по луксузните станови и гламурозните облакодери…

Сепак, во Бруклин се наоѓа нешто сосема различно: гламурозен имот со површина од 6.000 метри квадратни.

Ова е најголемиот имот во Њујорк кој се наоѓа на плажа, а не е посебен само по својата големина.

Овој заграден имот се состои од величенствен животен простор со површина од 2.300 метри квадратни, во кои се наоѓаат главната спална соба, со бања и поглед на вода, 14 бањи, четири кујни, пет соби за персонал, лифт кој оди до сите нивоа, медиумски простор и затворен паркинг за седум автомобили.

Покрај импресивниот ентериер, овој имот има и голема приватна плажа, со мало пристаниште за три чамци.

Доколку ни ова не ви е доволно за уживање, тука се и пространиот базен и спа центарот, надворешниот ограден простор за седење и неколку прекрасно уредени градини. Цената на овој имот е 30.000.000 долари.

ikj2

ikj3

ikj4

ikj5

ikj6

ikj7

ikj8

ikj9

ikj10

ikj11

ikj12

ikj13

ikj14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП