29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо праски против рак на дојката

Со праски против рак на дојката

Peaches

Конзумирањето на само три праски дневно може да помогне во борбата против ракот на дојката, покажуваат резултатите од едно најново истражување.

Американски научници до ова значајно откритие дошле врз основа на експерименти извршени врз глувци.

– Клетки од агресивен рак на дојка ги вбризгавме под кожата на глувците, а потоа ги третиравме со екстракти од праска, изјави доктор Луис Киснерос Зевалос, кој го спроведувал проектот.

Тој истакна дека медицинскиот тим забележал позитивен ефект по само неколку недели, што значи дека праските ги уништиле метастазите и ја спречиле болеста.

Научниците, исто така, ја пресметале употребената доза кај глувците и ја примениле врз луѓето, по што дошле до заклучок дека со конзумирање на две до три праски дневно го имале истиот ефект и кај жените.

– Важноста на ова откритие е огромна, бидејќи покажува каков ефект врз оваа смртоносна болест имаат природните соединенија, во овој случај фенолните соединенија во праската, нагласи Зевалос, потенцирајќи дека е важно да се изеде целиот плод, а не само сокот, бидејќи во спротивно нема да го даде истиот резултат.

Во западните земји ракот на дојката е најчест вид на канцер кај жените, а најновите податоци покажуваат дека само во САД минатата година заболеле околу 232.000 жени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП