
Судејќи според потпретседателот на „Motorolа“, Магнус Алквист, нивниот смартфон, „Moto G“, стана најпродаваниот телефон во историјата на компанијата.


Судејќи според потпретседателот на „Motorolа“, Магнус Алквист, нивниот смартфон, „Moto G“, стана најпродаваниот телефон во историјата на компанијата.
Иако е веќе познато дека „Moto G“ ги надмина очекувањата на компанијата, доста е импресивно и тоа што успеа да го надмине секој друг смартфон кој „Motorola“ го има направено и тоа за само 6 месеци.
Алквист објасни дека голем фактор во продажбата бил и индискиот пазар, каде корисниците се доста пребирливи кога смартфоните се во прашање. „Motorola“ успеа да излезе на крај со тоа со помош на партнерството со „Flipkart“, големата интернет продавница, и нивната одлука „Moto G“ да го продаваат исклучиво на интернет.
Иако ова се чини како многу чуден потег, одлуката се покажа како исправна.
Станува збор за смартфон со 4.5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, „Android 4.3“, 1.2GHz „quad core“ процесор, 8GB простор за складирање на податоците и камера од 5 мегапиксели.
„Moto G“ чини 179 долари за верзијата со 8GB интерна меморија и 199 долари за верзијата со 16GB.
Ова е скоро двојно поевтино во споредба со „Nexus 5“ и значително пониско од било кој друг конкурентски смартфон. Нормално, вака ниската цена значи и одредени компромиси.
„Moto G“ најверојатно нема да има поддршка за „4G/LTE“, но затоа ќе биде достапен во 19 бои.