7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРемек дело на часовничарството (фото)

Ремек дело на часовничарството (фото)

chac1

Кога зборуваме за часовниците, страста кон луксузот нема граници…

Француската „пеперутка“, односно „Papillion Voyageur“ на „Bvlgari“ брендот, е еден од најневеројатните часовници кои можат да се видат, а ја претставува суштината на елеганцијата и грациозноста.

Овој ексклузивен часовник, наречен по швајцарската компанија која е дел од брендот „Bvlgari“, ни претставува бројчаник од антрацит, кафен каиш од алигаторска кожа со 18-каратно копче од розево злато. Тој ни претставува две временски зони во куќиштето кое исто така е креирано од 18-каратнo розево злато. Ова е едно навистина комплексно парче кое може слободно да се нарече луксузно и врвно ремек дело на часовничарството.

Само 99 вакви часовници постојат во светот, па така поседувањето на еден од овие часовници е многу ексклузивна работа, која за вас кажува повеќе отколку што мислите. Цената на еден од овие прекрасни и многу луксузни часовници е 52.100 долари.

chac2

chac3

chac4

chac5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП