Според информациите кои последните денови кружат во медиумите, „Samsung“ на пазарот ќе ја лансира новата верзија на „Galaxy Note 8.0“ таблетот.
Основната верзија под ознаката „GT-N5100“ доаѓа само со „WiFi“ поддршка.
Моделот „GT-N5110“ има и 3G поддршка, додека моделот со ознака „GT-N5105“ поседува и 4G LTE, со 3G i WiFi поддршка.
„Galaxy Note 8.0“ поседува 8 инчен IPS екран со резолуција 1.280 х 800 пиксели, „quad Exnos SoC“ процесор и 2GB RAM меморија.