3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен апартман во стилот на Џејмс Бонд (фото)

Луксузен апартман во стилот на Џејмс Бонд (фото)

0071

Џејмс Бонд секогаш бил повеќе од обичен супер херој…

Идол на многу мажи и жени, овој британски шпион го чува светот со декади, користејќи го само својот шарм (и понекогаш некоја чудна и модерна направа), наместо тупаници и пиштоли. Покрај тоа, овој популарен јунак стана и икона на модниот стил, на префинетиот господин и заводливиот шармер.

Познат е по својот луксузен стил на живот, по скапите костими и „Aston Martin“ автомобилите, во филмовите често сме го виделе како ужива во водка-мартини, протресена, не мешана. Луѓето од „Agence Bastie“ сакале да креираат апартман, кој ќе биде совршен за агентот 007, а тоа и го направија во Хотелот „Seven“ во Париз.

Апартманот кој е дизајниран специјално за овој шармантен таен агент, претставува уникатна мешавина на стариот и модерниот дизајн. Внатре во апартманот се наоѓа голем и удобен кревет, плафон со огледало, златна ламба во облик на пиштол, како и огромен телевизор од 62 инчи, на кој можете да го гледате било кое филмско остварување во кое се појавува познатиот господин Бонд.

Останатите погодности кои се достапни за гостите на овој апартман се турската бања, мини барот, ултра модерниот електронски сеф и магично удобни и кадифени бањарки. Како додатен бонус, наменет за вистинските фанови на Џејмс Бонд кои се од посилниот пол, во понудата е и можноста за фотографирање во оргинално и уникатно кроено 007 одело. Овој луксуз во стилот на Џејмс Бонд ќе ве чини околу 1.000 долари за една ноќ.

0071

0073

002

0074

0075

Casino Royale - filmstill btintern

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП