3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот СПА резорт Mukul (фото)

Луксузниот СПА резорт Mukul (фото)

muk1

„Mukul Beach Spa Resort“ во Никарагва е вистински дијамант на старото и славно наследство на семејството Пелас…

Овој луксузен спа ресорт ни претставува 12 елегантни вили на плажа, прекрасен базен и тајна градина, покрај 23 удобни бунгалови „Bohios“, од кои секој има приватен базен и прозорци од под до плафон, што им дава на гостите фантастична можност за уживање во магичното опкружување. Најдобриот дел од овој ресорт, без сомнение, е „Casona Don Carlos“, односно приватната резиденција на плажа, која може да се изнајми доколку сопствениците не претстојуваат моментално во неа.

Овој совршен спа ресорт има прекрасно уредени терени за голф, покрај луксузниот спа центар од кој нема да сакате да излезете. „Mukul Spa Resort“ е совршено место за почеток на истражувањето на чудесната Никарагва, сликовитата и колонијална „Granade“ или фантастичниот „Cerro Negro“ вулкан. Тоа се само некои од знаменитостите кои можете да ги посетите додека престојувате во овој ресорт.

Без оглед дали сакате да се опуштите на плажа, да одиграте една совршена партија голф или да уживате во благодетите на третманите кои ви ги нуди овој престижен спа ресорт, сигурни сме дека на прв поглед ќе се заљубите во ова место и дека ќе посакате да дојдете пак.

muk2

muk3

muk4

muk5

muk6

muk7

muk8

muk9

muk10

muk11

muk12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП