12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple испорача 500 милиони примероци на iPhone

Apple испорача 500 милиони примероци на iPhone

iphones-on-display

Сите знаеме дека „Apple“ ретко ја пропушта можноста да се пофали со некои свои рекордни бројки, било да станува збор за 30 години од појавувањето на „Mac“ компјутерот или 50 милијарди превземања на апликации од продавницата, една бројка за чудо помина многу тивко. Компанијата во текот на изминатата недела дојде до бројката на 500 милиони испорачани примероци на „iPhone“.

Додека аналитичарите зборуваат за заситеноста на пазарот на паметни телефони, продажбата на „iPhone“ е се, само не во опаѓање. Според податоците од компанијата, уредите се продаваат се побрзо и побрзо, иако самиот почеток беше полн со препреки.

Стив Џобс постави цел од 10 милиони продадени „iPhone“ уреди до 2008-та, откако го претстави првиот „iPhone“. Првиот квартал беше многу лош, беа испорачани само 717.000 примероци, а аналитичарите не беа пресреќни. Сепак, ситуацијата со операторите и со цената се подобри, што доведе до дури 13.7 милиони уреди во 2008-та година, милиони повеќе од очекувањата на Џобс.

Сепак, за првите сто милиони уреди требаше да се почека уште некое време. Тоа се случи некаде во февруари 2011-та година, но потоа „iPhone“ го доживеа својот подем. Беше потребно само една година за вкупниот број на продадени единици двојно да се зголеми.

Аналитичарите сметаат дека компанијата во тековната фискална година ќе ја надмине бројката од 600 милиони продадени „iPhone“ уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП