7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel ќе вложува во носиви уреди

Intel ќе вложува во носиви уреди

intel-basis

Од „Intel“ објавија дека ја превземале „start-up“ компанијата „Basis Science“ од Сан Франциско. Станува збор за компанија која е специјализирана за развој и производство на биометриски сензори, а најпознат уред им е „Basis band“, паметната фитнес нараквица која го следи здравјето на корисникот – отчувувањето на срцето, потрошувачката на калории и слично.

„Basis Science“ ќе биде интегриран во одделот на „Intel“ – „New Devices Group“, кој се занимава токму со носиви уреди. Досегашниот директор на „Basis“ ќе стане главен директор на ова одделение, а тоа беше договорено при оваа трансакција.

„Intel“ со овој потег ќе го добие познавањето и технологијата за натамошен напредок на пазарот на носива технологија, т.е. пристапот на светскиот пазар на кој „Basis“ беше еден од лидерите.

Сумата која беше платена за оваа компанија засега не е објвена, но се смета дека е од прилика 100 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП